RK Ohrid gladijatori

РК Охрид доби ветување: До петок ќе има плата!

Охрид, 12.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По пишувањето на 24ракомет.мк за финансиските проблеми што ги има тимот на Охрид, ракометарите на овој клуб, добија ветување од управата дека ситуација се средува и дека ќе има исплата до крајот на неделава.

По елиминацијата на холандскиот тим тимот на Горан Андоновски немаше одржано ниту еден тренинг. Функционираа само младинската и пионерската школа на клубот. Дел од играчите од странство беа во своите земји, а останатите ракометари заминаа во градовите од кадешто потекнуваат. Денеска се враќаат во Охрид и ќе се појават на вечерниот тренинг.

Двете средби од второто квалификациско на Купот на ЕХФ, најверојатно ќе бидат одиграни на гостински терен во Португалија, кај Порто. И без тоа, Порто беше голем фаворит за пласман во следната рунда, а по ова, шансите на Охрид уште повеќе се намалуваат, односно се сведуваат на теорија.

Двата меча ќе се играат или 7/8 октомври или викендот 14/15 октомври. (Крај)

извор: 24ракомет.мк фото: архива