policijaopsta

Кривични за две лица поради „затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“

Охрид, 12. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Н.Н. од Охрид и една година помладиот Д.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

– Во периодот од 2016 година до март 2017 година Н.Н. како лице вработено во кујна во ресторан во Охрид, по усна дозвола од неговата претпоставена, ставал потпис на фактури за влез на стоки во ресторанот кои што ги доставувал Д.А. кој бил вработен во „Цермат“ од Битола, а при тоа робата воопшто не била примена во ресторанот, за што за возврат од Д.А. добивал одредена парична сума како награда, со што и двајцата се стекнале со противправна имотна корист и предизвикале материјална штета од 125.337 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива