Barca

ЛШ: Барса го доби дербито, сигурни победи на фаворитите

Барселона, 13.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Барселона го совладаа Јувентус со 3:0, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Барса успеа да му се реваншира на Јувентус за елиминацијата во четврт-финалето, во претходната сезона.

Дербито на првото коло во елитното натпреварување мина во знакот на Лионел Меси, иако и Јувентус имаше свои шанси во раната фаза на натпреварот.

Во судиското надополнување на времето во првиот дел Меси го постигна првиот гол. Голот во 46.минута беше прв кој Аргентинецот го постигнал против Џиџи Буфон. По акцијата на меси во 56.минута Ракитиќ го постигна вториот гол, а точка на натпреварот стави Меси во 69.минута.

Во вториот меч во оваа група Спортинг славеше кај Олимпијакос со 3.2. Португалскиот тим имаше 3:0 со головите на Думбија, Мартинс и Фернандес, а во последните четири минути Пардо со два гола избори чесен пораз за грчкиот шампион.

Maanchester

Манчестер Јунајтед по неколкугодишна пауза со триумф се врати во Лигата на шампионите. Погба се повреди по само 17 минута игра, а неговата замена Фелаини прв го совлада голманот на Базел. Во второто полувреме победата на јунајтед ја потврдија Лукаку и Рашфорд.

Во оваа група ЦСКА успеа да ја изненади Бенфика во Лисабон и да слави на „Луж“ срадионот со 2.1.

Б групата очекувано донесе лесни победи на фаворитите во првото коло. ПСЖ, во Глазгов, го декалсира Селтик со 5:0. Нејмар, Мбапе и Кавани стрелаа прецизно во првото полувреме, потоа Лустинг постигна авто-гол, а точка на мечот стави Кавани со својот втор гол.

Лесна победа запиша и Баерн против Андерлехт 3:0. Гостите од 12.минута играа со играч помалку, во истата минута Левандовски погоди од пенал, а во вториот дел по еден гол постигнаа Алкантара и Кимих.

Дебитантот во Лигата на шампионите Карабаг доживеа вистински дебакл на „Стенфорд Бриџ“ од челси, во Ц групата. Челзи победи 6:0 со головите на Педро, Запакоста, Аспиликуета, Бакајоко, Батшуаи и авто-голот на Медведев.

Во вториот меч од групата Рома играше против Атлетико. Римскиот тим од пораз пред своите навивачи го спаси голманот Алисон, кој одбрани неколку тешки топки, по обидите на Саул,Вието и Кореа, еднаш Манолс успеа да интервенира на гол линијата по ударот на Кока, а во 91.минута Саул имаше неверојатно промашување.

Група А:
Манчестер Јунатед-Базел 3:0
Бенфика-ЦСКА Москва 1:2

Група Б:
Селтик-ПСЖ 0:5
Баерн Минхен-Андерлехт 3:0

Група Ц:
Рома-Атлетико Мадрид 0:0
Челси-Карабаг 6:0

Група Д:
Барселона-Јувентус 3:0
Олимпијакос-Спортинг Лисабон 2:3. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива