Doncic

Шпанија и Словенија во полуфиналето на Евробаскет

Истанбул, 13.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) –Вчера се одиграа првите четврт-финални натпревари на Европското првенство во кошарка.

Фаворизираната Шпанија долго време го кршеше отпорот на Германија, но по одличната игра во третиот период црвената фурија успеа да обезбеди предност за конечен триумф од 84:72 и пласман во полуфиналето.

Во второто полуфинале Словенија ја совлада Летонија со 103:97 и ја продолжија триумфалната низа на шампионатот.

Денеска во вторите четврт-финални дуели се среќаваат Русија – Грција и Италија – Србија. (Крај)

извор: АлфаТв фото: архива