mitkotilev

Д-р Митко Тилев ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Митко Тилев ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а партиската листа на советници ќе ја предводи новиот претседател на ОК Кирил Пецаков, дознава неофицијално Супер радио.

Информацијата ќе биде официјално објавена во текот на денешниот или утрешниот ден, кога е и краен рок за пријавување на кандидатите.

СДСМ неодамна го објави својот адут за престојните избори закажани за 15-ти октомври, професорот на ФТУ, Јован Стојаноски. (Крај)

извор: Супер радио фото: архива