Aerodrom Aleksandar Veliki 01

Ќе се возобновува директната авио линија Сараево – Скопје

Скопје, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ќе биде возобновена директната авионска линија меѓу Сараево и Скопје, ова го најавија министрите за транспорт на Македонија и Босна и Херцеговина, Горан Сугарески и Исмир Јуско.

И двајцата министри истакнаа дека заложбите на двете влади ќе бидат најскоро што може да биде воспоставена оваа авионска линија.

Решавањето на ова прашање, според министерот Сугарески, е од исклучително значење за двете држави.
– Се надеваме дека оваа авионска линија која пред неколку години е укината ќе биде повторно активирана во најбрз можен рок се со цел граѓаните да можат на најбрз можен начин да стигнат до Сараево и до Скопје, истакна Сугарески.

Со воспоставувањето на авионската линија меѓу главните градови на двете држави се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис  секторот. Меѓу Македонија и Босна и Херцеговина од 2004 година постои билатерална спогодба за воздушен сообраќај. (Крај)

извор: А1 он фото: архива