rakomet ohrid

Ракометарите на Охрид во сабота ги почнуваат натпреварите во Супер лигата

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари, по елиминацијата на холандски Крас Волендам, во сабота ги стартуваат натпреварите во Супер лигата.

Ова ќе биде петти пат гладијаторите да се натпреваруваат во Супер лигата. Прв противник и тоа пред домашна публика ќе биде тимот на Вардар Јуниор. Мечот е во 19:30 часот во СРЦ „Билјанини извори“.

Она пак што ги мачи ракометарите е неисплатениот личен доход, за што добија ветување од управата дека ситуација се средува и дека ќе има исплата до крајот на неделава.

Инаку, што се однесува до второто квалификациско на Купот на ЕХФ, мечевите најверојатно ќе бидат одиграни на гостински терен во Португалија, кај Порто. Двата натпревари меча ќе се играат или 7/8 октомври или викендот 14/15 октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива