Избор Култура

На денешен ден Прличев се закитил со „Ловоров венец“ за поемата „Сердарот“

Охрид, 25. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 25-ти март, во 1860 година на конкурс за поема, што се одржал во Атина, македонскиот преродбеник Григор Прличев го добил „Ловоров венец“.

Венецот го добил за поемата „Сердарот“, кое е воедно негово најпознато дело. Поемата е напишана во 1860 година. Прличев за оваа поема бил наречен „втор Хомер“. Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука