Избор Охрид

Во Охрид денес сончево со температура до 27. степени

Охрид, 14. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука