SrbijaKosarka

Србија и Русија во полуфиналето на ЕП во кошарка

Истанбул, 14.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Србија ја комплетира полу-финалната четворка на 40.Европско првенство во кошарка, чија завршница се игра во Истанбул. Србите во четврт-финалето ја победија Италија со 83:67.

Италија немаше решение за вискоите играчи на Србија (Марјановиќ, Кузмиќ) и за пик играта на противникот. Во одбраната Србите врше константен притисок врз топката и успеаја целосно да ги неутрализираат двајцата најдобри Италијанци Белинели и Датоме.

Богдановиќ беше најефикасен кај Србија со 22 поени, а уште четворица негови соиграчи постигнаа двоцифрен број на поени. Белинели и Датоме ја предводеа Италија , но со лоши проценти на реализиција. Белинели постигна 18, а Датоме 15 поени.

Србија во полу-финалето, во петок од 20:30 часот, ќе игра против Русија која до пласман во полуфиналето стигна со пресврт против Грција ,кога во дел од натпреварот имаше негатива од 13 поени (22:35). Најзаслужен за триумфот на Русите повторно беше Алексеј Швед, иако имаше лош процент на реализиција. Сепак, бекот на Химки во третата четвртина постигна 13 од 20 поени за својата репрезентација.

Швед на крајот заврши со 26 поени, 5 асистенции и 7 загубени топки, а одличен меч одигра и центарот Тимофеј Мозгов (15 поени, 10 скока).

Денеска на програмата е првиот полуфинален дуел помеѓу Шпанија-Словенија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива