ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 14. септември 2017

Охрид, 14. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4372

Охрид во 10 на 14. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 14.09.2017 година

Убиецот на Димитар Матилоски на слобода, се слика во Скопје и се чувствува „fabulous“

Министерството за финансии пресече: Правилникот на сметководителите е незаконски и не треба да се применува

– Само Стевоски и Настоски досега поднеле кандидатски листи до ОИК

– Црвен крст Охрид организира голема крводарителска акција во соработка со „Тамаро“

– Последен ден за поднесување кандидатски листи за локалните избори

– Во Охрид денес сончево со температура до 27. степени