crvenkrsttamaro

Црвен крст Охрид организира голема крводарителска акција во соработка со „Тамаро“

Охрид, 14. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст во соработка со „Тамаро“ органзира голема крводарителска акција која ќе се реализира во сабота, на 16-ти септември,во периодот од 10:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

– Целта е да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид. Ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите „Тамаро“ ја даруваат драгоцената течност, велат од Црвен крст од Охрид.

Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција – охридските маркети „Тамаро“. Предвидена е и наградна игра со извлекување на награди за најсреќните крводарители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива