highvoltage2

Бендот High Voltage од OhridSUPERSTAR настапува на „Школка во звук“ во Скопје

Охрид/Скопје, 14. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полуфиналистите на талент шоуто OhridSUPERSTAR, бендот High Voltage, утревечер настапуваат на „Школка во звук 2017“, што се одржува во Градскиот парк Скопје.

– Сите луѓе расположени за рокенрол и енергичен настап кој ќе содржи и наша авторска музика, чекајте не во градскиот парк на Школка сцената во 19:00 часот, порачуваат членовите на High Voltage.

„Школка во звук“ е младински,музички и мултимедијален настан, кој ја промовира новата културна сцена преку свирки, предавања и дружба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива