ajfelovakula

Со стаклен ѕид Ајфеловата кула ќе се штити од терористички напади

Париз, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ајфеловата кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид кој ќе биде изграден според плановите на австрискиот архитект Дитмар Фахтингер.

Изградбата, според виенскиот дневен весник „Стандард“ треба да почне денеска, и ќе трае половина година. Ѕидот според весникот  ќе биде висок 2,5 метри и ќе биде ограден со заштитни бетонски столбови , за да се спречат напади со камиони.

Изградбата ќе чини околу 20 милиони евра. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива