Избор Охрид Партии

Анкета ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ води во Охрид, Бакрачески си заминува со поддршка од 12%

Охрид, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Резултатите од анкетата на ИРИ спроведена во август 2017 година покажуваат дека само 12% од испитаните граѓани на  Охрид се задоволни од работата на Градоначалникот во заминување Никола Бакрачески.

Според истиот извор, 35% од испитаниците се делумно задоволни од неговата работа, 18% се делумно незадоволни, а високи 27% се многу незадоволни од неговата работа. Слични се и вкупните бројки за работата на градскиот совет – 9% се задоволни, 33% од испитаниците се делумно задоволни од работата, 14% се делумно незадоволни, а 28% генерално се многу незадоволни.

anketaohrid1Интересен е податокот за информираноста на граѓаните на Охрид за работата на Градоначалникот на Охрид и генерално за работата на локалната самоуправа и советот. И покрај огромните средства слеани во дел од охридските медиуми, сепак само 12% од граѓаните се добро информирани за тоа што работел Градоначалникот наспроти 40% кои не знаат и само 8% знаеле што работи локалната, наспроти огромни 53% кои не знаеле што работи истата изминативе 4 години.

anketaohrid2Како најголеми проблеми во општината граѓаните ги посочиле Урбанизмот и развојот на градот со 21% пред невработеноста со 20%, здравството со 13%, патната инфраструктура со 9% и чистотата на градот со 7%.

anketaohrid3Огромни 60% сметаат дека оваа локална самоуправа треба да замине, наспроти 30% кои се за да остане.

anketaohrid4Високи 68% од испитаниците истакнале дека ќе излезат на изборите закажани за 15-ти октомври. Според анкетата, 20% од нив гласот ќе го дадат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека 17% за кандидатот на СДСМ. Кај советничките листи, бројките се скоро идентични, со разлика што за СДСМ би гласале 18%, наспроти 20% за листата на ВМРО-ДПМНЕ.

anketaohrid5Голем е процентот и на оние кои уште не знаат за кого ќе гласаат (34%), односно 14% кои одбиле да се изјаснат. Токму за гласот на овие кандидати ќе се води најголемата „битка“ на престојните избори.

anketaohrid6Анкетата била спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку „Брима“, фирма за истражување. Податоците биле собрани од 4-ти до 21-ви август 2017 година преку интервјуа лице во лице на национално-репрезентативен примерок од 1.105 испитаници на возраст над 18 години. (Крај)

извор: ИРИ фото: ИРИ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука