Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 20. септември 2017

Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4462

Охрид во 10 на 20. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 20.09.2017 година

– Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со локален дожд и температура до 22. степени

– Денес охридска промоција на втората книга на Отец Пимен „Патувајќи“

– Времена измена на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

– Продолжува ли серијата? – Земјотрес од 2,7 степени во близина на Ресен

– Во петок ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци

– Марш на мирот во Охрид под мотото „Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство за сите“

– Кривична за двајца скопјани, продавале фалсификат карти за „Green beach“

– Донација за ОУ „Григор Прличев“ во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

– Дела на Јана Наумовска изложени на групна изложба во Дубаи

– Дополнителна година и пол за доизградба на делницата Кичево-Охрид

– Најмногу туристи доаѓаат во Скопје, но најмногу ноќеваат во Охрид

– Љупчо Настоски по четврти пат учествува на локални избори како носител на независна советничка листа

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука