avtopatizgradba

Дополнителна година и пол за доизградба на делницата Кичево-Охрид

Охрид/Скопје, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со Анекс кон договорот за изградба на патните делници Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип преточен во закон, власта ќе побара од Кинезите од Sinohydro Corporation Limited, дополнителни 517 дена за доизградба на патната делница.

Причината е зголемувањето на количините и обемот на работа, и потреба од дополнителни работи кои не се дел од Договорот, како дислокација на 24 далноводи на ЕВН Македонија, разместување на цевководи, дислокација на кабли на Телеком и на водоводната мрежа. Дополнително треба да се постават плочасти пропусти за обезбедување премин на луѓе, нов мост на реката Пчиња, осветлување на седум клучки, поставување оптичка мрежа, нивелација и др.

Согласно новиот Рок за завршување на работите, Kинезите имаат обврска да ги продолжи сите банкарски гаранции и осигурувања поврзани со овој рок, во рок од 30 дена од датумот на потпишувањето на овој Анексот.

Потребата од донесување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, по итна постапка, според власта е заради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс