Кривична за охриѓанец кој ја „олеснил“ касата на Сојузот на спортови за 24.000 денари
Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(58) од Охрид.
Пријавениот на 10-ти август оваа година од трансакционата сметка на Сојуз на спортови – Охрид, со која што бил задолжен од страна на Управниот одбор на сојузот, неовластено подигнал и присвоил 24.000 денари, со што го оштетил Сојузот на спортови –Охрид за истиот износ. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |