igrotekakam1

Отворена игротеката „Вања“ во ТЦ KAM Village

Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Весело, разиграно и распеано… Вечерва беше свечено отворена најголемата игротека во западна Македонија, игротеката „Вања“, во склоп на трговскиот центар KAM Village.

Игротеката се протега на површина од 700 м2 и е изградена по најсовремени стандарди за климатизација, вентилација и светлина. Располага со отворена летна тераса и затворен дел. Играчките со кои е опремена даваат максимална безбедност за игра на децата.

igrotekakam2– Во игротеката ќе се имплементираат и едукативни програми, согласно возраста на децата. Ќе соработуваме со градинките од Охрид и регионот и заеднички ќе работиме на тематски претстави, презентации и натпревари. Исто така ќе се организираат креативни катчиња, како и прослави на родендени, истакнаа од KAM Village, од каде додаваат дека во следниот период ќе биде отворен и забавен парк.

ТЦ KAM Village е една од најголемите инвестиции на македонската компанијата КАМ, кој располага со 12.000 м2, а во кој се сместени продавници, хотел, ресторан и конференциска сала. Според најавите, следниот месец ќе биде отворен трговскиот комплекс и хотелот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес