donacijagrigor1

ОУ „Григор Прличев“ доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

Охрид, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, ОУ „Григор Прличев“ како партнер на проектот кој заеднички го реализираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио, доби телевизор како донација.

Донацијата денеска и беше предадена на директорката на училиштето, Силвија Мојсоска, која се заблагодари на Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио за овој гест.

– Како училиште сме горди што сме дел од оваа акција и што имавме можност да добиеме една донација, која понатаму ќе ни ги олесни дел од часовите за анимација и успешно изведување на наставата. Ние изразуваме поддршка на вакви убави акции. Би апелирала и до други фирми кои имаат можност да помагаат и вложуваат, бидејќи училиштата имаат помалку средства за некои поголеми инвестирања, истакна Мојсоска.

donacijagrigor2Мирјана Костоска, шеф на еден од „Тамаро“ маркетите потсети дека акцијата се спроведува во текот на месеците септември и октомври.

– Ќе имаме уште многу вакви акции и награди.Покрај тоа, предвидени се и многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“, награди за вредните домаќинки, по училиштата ќе има награди за дечињата кои ќе цртаат ликовни творби со мотиви на Охрид во рамките на ликовниот конкурс. Акцијата е предвидена да трае во текот на месеците септември и октомври, рече Костоска.

donacijagrigor3Во рамките на акцијата ќе има специјални награди и за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, посебни награди за домаќинките кои ќе направат торта или слатки со некој од „Витаминка“ производите, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи ќе има и посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп.

donacijagrigor4Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“ на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес