kodekspotpisuvanje

Кандидатите за градоначалник на Охрид го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Охрид, 24. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кандитатите за градоначалник на Охрид, Митко Тилески од ВМРО ДПМНЕ, Јован Стојаноски од СДСМ и независниот кандидат Стевче Стевоски, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Со ова, сите учесници во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градење доверба во изборниот систем на државата, истакна претседателотна Општинската изборна комисија, Димитрија Вревезоски.

dimitrijavrevezoski

– Синхронизирано во сите 80 општини и градот Скопје учесниците на овие локални избори го потпишаа Кодексот, со кој се обврзаа еден на друг, но и на сите граѓани дека ќе се придржуваати активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори. Изразија волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање, истакна Вревезоски.

По потпишувањето на Кодексот, кандидатите за првата градска фотелја во Охрид изјавија:

– Со потпишувањето на Кодексот се обврзуваме дека ќе ја развиваме демократијата и сето тоа ќе придонесе за развој на нашата држава. Тој ќе биде испочитуван од наша страна, а очекувам и од останатите кандидати. Да не е ова само еден формален чин на потпишување туку навистина да претставува основа, пред се да ги задржиме оние пријателски вредности којшто и досега сме ги имале како граѓани на Охрид, рече кандидатот на СДСМ, Јован Стојаноски.

– Изразувам желба и надеж за фер и демократски избори каде што ние како граѓани на Охрид ќе придонесеме со своето гласање да бидеме дел од цивилизираната заедница што е и дел од европското семејство каде што и припаѓаме, рече кандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилески.

– Сите политички партии се обврзани на почитување на овој Кодекс, мислам дека ќе го испочитуваат. Сметам дека граѓаните на Охрид ќе бидат задоволни од безбедноста на овие избори, од фер избори и мислам дека ќе се исполнат условите да се пофалиме и пред Европската унија дека можеме да органзизираме фер и демократски избори, рече независниот кандидат, Стевче Стевоски.

Шестите локални избори ќе се одржат на 15-ти октомври. За овие избори поднесени се три кандидатски листи за градоначалник и пет за членови на новиот градски совет. Утре започнува изборната кампања, која ќе трае до 13-ти октомври на полноќ. Во Охрид ќе се гласа на 88 избирачки места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес