zankozapanterbruce1

Жанко ЗШ и ЗШ Авантура денес освоија два врва во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце

Охрид, 24. септеври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски глумец, радио и Тв водител Жанко ЗШ Голабоски, заедно со дел од членовите на „ЗШ Авантура“ денес се искачија на два врва на Галичица во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце.

zankozapanterbruce2– Како секоја година, и оваа година на наш начин го одбележуваме денот кога заминаа нашите пријатели. Секоја година организираме некој настан, велосипедски или планинарски тури. Годинава се исчивме на два врва на Галичица во еден ден – на Магаро и на Висок врв. Минатата година во нивна чест го освоивме уште еднаш Пелистер, вели Жанко ЗШ Голабоски, колега на Влатко и Наумче од Супер радио.

zankozapanterbruce3Тој додава дека поминаа 9 години непребол по двацјата другари и дека тие вечно ќе останат во нашите срца.

zankozapanterbruce4Влатко Пантовски (Диџеј Пантер) и Наумче Аврамоски (Диџеј Бруце) трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Жанко ЗШ Голабоски