Спорт

Шарапова без проблеми стигна до четвртфиналето во Мелбурн

Мелбурн, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Марија Шарапова се пласираше во четвртфиналето на Australian Open, по лесната победа над Пенг.

Русинката ја победи претставничката на Кина со 6-3, 6-0 и во ниту еден момент од дуелот не ја донесе сигурната победа во прашање.

Во следното коло Шарапова ќе игра со Бушар, која ја надигра ИринаКамелија Бегу со 6-1, 5-7, 6-2. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука