SVROhrid

Дебрчанец фатен во обид да украде лимови од фабриката „ЕМО“ во Лешани

Охрид, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 годишниот О.С. од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот април-август оваа година, во фабричка хала на АД „ЕМО“ во стечај, лоцирана во селото Лешани. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот отишол пред фабричка хала, влегол во оградениот простор и се качил на кровната конструкција од објектот. Потоа, со употреба на подесен алат ги ослободил штрафовите со кои биле прицврстени вкупно 9 табли реброван лим и почнал да ги товари на патнички автомобил марка „Југо 45“, сопственост на неговиот татко. Притоа, пријавениот бил затекнат од униформирани полициски службеници, по што брзо избегал од фабричката хала.

Вредноста на лимовите што пријавениот се обидел да ги украде е 600.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива