moskva

Русија се закани дека ќе го блокира Фејсбук од идната година

Москва, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Руската државна агенција која го набљудува и регулира интернетот се закани дека може да ја блокира социјалната мрежа Фејсбук во 2018 година.

Ове ќе се преземе доколку не се придржува до законот со кој се регулира обврската на ИТ компаниите да ги чуваат личните податоци на руските корисници на сервери во Русија. Шефот на агенцијата Александр Жаров денеска рече дека законот е обврзувачки за сите, дека сите треба да го спроведат или во спротивно компаниите ќе мора да престанат да работат во Русија.

Ќе инсистираме и Фејсбук да го спроведе законот, рече тој додавајќи дека руската влада разбира дека тоа е уникатен сервис но дека нема да прават исклучоци и дека ќе ја блокираат социјалната мрежа од идната година ако не го почитува законот. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива