donacijasvkliment1

ОУ „Св. Климент Охридски“ доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид денес доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој заеднички го реализираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.

Донацијата денеска му беше предадена на директорот Јордан Пуроски, кој потенцираше дека е од исклучителна важност поголемите компании на овој начин да го помагаат образованието.

donacijasvkliment2jordan– Сакам да изразам јавна благодарност што и ние како училиште сме вклучени во оваа акција на „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио и еве денеска да примиме една донација која ќе биде искористена за подобрување на условите и начинот на предавање од страна на наставниците. Сакам да ги повикам и сите останати фирми кои имаат можност да се вклучат во вакви акции. Ние како училиште сме отворени за соработка со сите фирми и установи кои на некој начин може да помогнат и да придонесат во подобро образование. Во нашето училиште беше организиран ликовен конкурс на тема „Го сакам Охрид, ја сакам Витамонка“ на кој цртаа учениците од второ до петто одделение. Учениците беа доста мотивирани, изработија навистина одлични цртежи, кои се надевам ќе бидат дел од големата изложба закажана за крајот на овој проект, напомена Пуроски.

Јулија Силјаноска, шеф на еден од „Тамаро“ маркетите истакна дека ваквите акции веќе подолг период се спроведуваат во Охрид и Струга и дека секако ќе продолжат и во иднина.

donacijasvkliment4julija– Денешната донација е во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ која се спроведува во текот на месеците септември и октомври. Покрај донациите за училиштата, предвидени се многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“, награди за вредните домаќинки кои ќе направат торти или слатки со производите на Витаминка, по училиштата ќе има награди за дечињата кои ќе цртаат ликовни творби со мотиви на Охрид во рамките на ликовниот конкурс. За најдобрите цртежи ќе има и посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, рече Силјаноска.

Во рамките на акцијата ќе има специјални награди и за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе барот Shilla, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, посебни награди за домаќинките кои ќе направат торта или слатки со некој од „Витаминка“ производите, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи ќе има и посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп.

donacijasvkliment3Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“ на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други.

ОУ „Григор Прличев од Охрид неодамна доби донација во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витамонка“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес