policija122-640x360

Обид за силување во изборен штаб во селото Требеништа

Охрид, 8. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – К.П. од селото Требеништа, синоќа пријавила дека во просториите на штаб на политичка партија во ова село во општина Дебрца, едно лице се обидело да изврши полов напад врз неа.

Таа истакнала дека станува збор за лицето.

Со осуда на овој инцидент излегоа и од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.

– Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа. Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се превземат мерки согласно законите во Република Македонија, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: МВР фото: архива