pretstavaohrid

Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава

Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Актерите од Народниот театар Охрид започнаа со проби за нова претстава, насловена „Баал“ по текст на Бертол Брехт, а во режија на Андреј Цветановски.

По „Метаморфози“, „Ај да си речиме уште една“ и „Полицајци“, ова ќе биде четврта соработка на режисерот Цветановски со актерите од охридскиот театар.

Што се однесува до делата на Брехт, досега на негов текст е работена претставата „Малограѓанска свадба“, која во 2012 година ја режираше Дејан Пројкоски.

Охридскиот народен театар годинава го прослави својот шести роденден. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: fb