donacijadebrca1

Донација за подрачното училиште од селото Требеништа во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Подрачното училиште од селото Требеништа, кое работи под ОУ „Дебрца“ денес доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој заеднички го реализираат „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио.

Донацијата денеска му беше предадена на директорот Иван Димоски, кој истакна дека ваквите донации се од исклучителна важност за подобрување на образовниот процес, особено во селските средини.

– Најнапред да Ви се заблагодарам за донацијата, што „Витаминка“, „Тамаро“ маркетите и Супер радио ја доделија на нашето училиште и што не` избравте токму нас. За училиште што функционира во рурална средина, ваквите донации се многу важни и добредојдени. Она што го добивме ќе биде ставено во функција на образовниот процес, со што ќе се овозможат и подобри услови за работа. Ги повикувам и други компании, да го следат овој пример и дел од своите средства да ги донираат во училиштата, напомена Димоски.

donacijadebrca3Благица Ситникоска, од „Тамаро 7“ маркетот истакна дека се во полн ек активностите во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“:

– Како што веќе знаете септември и октомври 2017 година ќе бидат месеци на „Витаминка“ во Охрид. Имавме многу интересни настани, веќе реализиравме две донации за училиштата „Григор Прличев“ и „Св. Климент Охидски“, имаме специјални награди за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“, секој ден имаме богати награди за слушателите на Супер радио и секако за дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите, напомена Ситникоска.

donacijadebrca2Во рамките на акцијата ќе има специјални награди и за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе барот Shilla, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, посебни награди за домаќинките кои ќе направат торта или слатки со некој од „Витаминка“ производите, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи ќе има и посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп.

Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“ на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други.

Покрај ОУ „Григор Прличев“ кое неодамна доби донација во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, донација беше обезбедена и за ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес