patekabulevar

Финишираат градежните работи на дел од булеварот „Туристичка“

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве финишираат градежните работи и реконструкцијата на дел од тротоарите на главната сообраќајна артерија во Охрид, булеварот „Туристичка“.

Градежните работи се одвиваат на делот кај бензинската станица на „Макпетрол“ и на делот пред архивот и музичкото училиште „Методи Патче“.

Од Општина Охрид за Супер радио истакнаа дека станува збор за изградба на велосипедска и пешачка патека, кои се соодветно обележани со посебен дел за пешаците и велосипедистите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес