mitkocorner1

Тилевски: Љубител сум на музика, но Стинг нема да го слушам во живо поради изборниот ден

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Покрај сериозни и одмерени политичари, какви што ги гледаме во кампањата, кандидатите за градоначалник на градот се и родители, соседи, пријатели, тие се обични луѓе и сакаме да ги запознаеме и како такви.

Во „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска денес зборувавме со д-р Митко Тилевски, перијатар, своевремено директор на болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“, денес кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувавме за се`, освен за политика.

Супер радио: Како Ве знаат и како најчесто ве опишуваат пријателите?

Тилевски: Оние кои ме познаваат имаат позитивно мислење за мене. Велат дека сум доста комуниктаивен, вреден, работлив и чесен. Јас сум доктор, педијатар и поради мојата струка и поради тоа што сум таков по карактер многу сакам да им помагам на луѓето. Со луѓето кои контактирам гледам да сум срдечен, народен и комуникативен. Тука сум за пријателите и во добро и во лошо.

Супер радио: Ги имате ли и какви се Вашите утрински ритуали? Со кого го пиете првото утринско кафе?

Тилевски: Првото утринско кафе си го правам сам и го пијам со сопругата. Разменуваме мислења, потоа ги разлистувам новостите што ги носи денот преку печатот и преку порталите, за да бидам информиран за она што е актуелно и во Македонија и во светот. Потоа одам на работа, а кога ќе завршам со работните обврски сакам да се дружам со моите блиски, со пријателите и роднините.

mitkocorner2Супер радио: Што Ве прави среќен?

Тилевски: Среќен сум кога луѓето околу мене се насмеани и среќни. Среќен ме прави кога им помагам на луѓето. Ситните работи ме прават среќен, на пример кога сонцето наутро силно свети, кога е топло времето. Тоа се основните работи кои ме прават среќен.

Супер радио: Дали секогаш сакавте да бидете доктор или кога растевте имавте некои други мечти?

Тилевски: Секогаш сакав да бидам доктор, можеби поради тоа што мојот татко беше доктор педијатар. Ова со политкава дојде сосема спонтано, но не ми е прв пат. Како што знаете во `90-тите бев пратеник во Собранието на Република Македонија.

Супер радио: Оженет сте и татко на две деца. Имате ли рабирање од семејството за честото отсуство од дома поради кампањата?

Тилевски: Имам целосно разбирање и поддршка од семејстово, како и од пријателите. Татко сум на Петар и Теодора. Слободно време секогаш недостига, особено последниве два месеци. Но, кампањата е пред крај, така да или во иднина ќе се посветам на градоначалниката функција, или пак повторно ќе се вратам на примарното, професијата доктор.

 mitkocorner3

Маичка за Тилевски во чест на 25-тиот роденден на Супер радио

Супер радио: Што Ве релаксира?

Тилевски: Најчесто се релаксирам со добра музика, но и читањето книги ме релаксира. Читам стручна литература, но и историски книги. Во поглед на музиката, за мене нема добра и лоша музика. Слушам различни жанрови на музика и не би можел музиката да ја поделам на добра и лоша, се` зависи од моментот и расположението.

Супер радио: Ќе не навратите ли на ноќниот живот во Охрид од Вашето време?

Тилевски: Кога се навраќам на овие сеќевања ми текнува на Дискотеката Палас, летната тераса на хотелот Палас, Летница. Во тоа време немаше толку локали како денес и сите работеа до 23:00 часот. Така беше порано, но во последниве 30 години многу е сменет ноќниот живот во Охрид.

Супер радио: Споменавте дека ја сакате музиката, тоа значи и дека сте љубител на концерти?

Тилевски: Љубител сум и посетувам концерти и во Охрид, но и во другите градови. Планирав и имав купено карти за концертот на Стинг, но од објективни причини, поради тоа што концертот ќе се одржи баш на изборниот ден, жалам што нема да можам да го слушам Стинг во живо.

Супер радио: Кој артист има посебно значење во Вашиот живот? Која песна со задоволство би сакале да ја слушнете во „Радио Корнер“?

Тилевски: Го сакам Славе Димитров. Може да ја слушнеме темата „Чија си“, песна што ќе не наврати на едно минато време. Знам дека ја сакаат и постарите, но и помладите генерации.
Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден во терминот од 12:00 до 14:00 часот во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес