licnakarta1

Одделенијата за управни работи ќе работат и на 14-ти и 15-ти октомври

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одделенијата за управни работи при МВР ќе работат и во сабота и недела, 14-ти и 15-ти октомври.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 14-ти октомври, до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на одржување на локалните избори, в недела, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07:00 до 19:00 часот. (Крај)

извор: МВР фото: архива