policijaopsta

Кривична пријава за охриѓанец кај кого е пронајдена дрога

Охрид, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела.

Тој се товари за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанциии и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На  15-ти мај годинава, при извршен претрес кај пријавениот се пронајдени  30,79 грама марихуана, 1,37 грама метамфетамин и 7 куршуми. (Крај)

извор: МВР фото: архива