tekvondo3

Теквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе учествуваат на меѓународен турнир во Словенија

Охрид, 11. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По извонредниот успех на Меѓународниот турнир во Босна и Херцеговина, теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец викендов ќе патува за Велење,Словенија.

Нашите теквондисти ќе учествуваат на меѓународен теквондо итф „А Класа” турнир  „3 Словенија опен 2017″ во, кој е еден од најјаките во Југоисточна Европа.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион, натпреварувачите ќе ги одмерат силите во две дисциплини спаринг-борби поединечно и форми поединечно.

Се надеваме дека и овај пат претставниците на „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе не престават во најдобро светло и ќе не направат повторно да се чувствуваме горди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива