edrilica22

Едрилиците повторно го украсија езерото

Охрид, 11. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во водите на Охридското езеро денеска се одржува уште еден Куп во едрење „Ohrid Sailing Cup“, во организација на Aquatica Yachting.

Се едри на регатното поле градското пристаниште – Куба Либре – Канео – градско пристаниште. Постои голем интерес за овој спорт во Охрид.

edrilica1

На денешната трка за првпат има целосно женска екипа која сае натпреварува рамо до рамо со мажите.

Со ова на голема врата се враќа едрењето во Охрид. Доколку послужат временските прилики, до крајот на оваа година би можеле да се одржат уште една до две регати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес