ohrid03101710

Метео: Во Охрид денес сончево и потопло време со температура до 21. степени

Охрид, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива