АVOhridBorac

АВ Охрид со пораз ги започна настапите во АБА 2 лигата

Охрид, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид загуби од Борац Чачак со 62:82 во првото коло од премиерното издание на втората кошаркарска АБА лига.

Мечот во СЦ „Билјанини извори“ беше еднонасочен во целиот негов тек за што говорат и резултатите по четвртини. Српскиот претставник ги реши во своја полза сите четири (21:14, 20:19, 20:18, 21:11) за заслужена победа на крајот.

Марко Стојадиновиќ беше централна фигура во мечот со 21 поен и 12 скока, лидер на охриѓани беше Французинот Реми Бари со 21 кош и четири скока.

АВ Охрид во наредното коло (18 октомври, 18 ч.) ќе гостува во Цетиње на тимот на Ловќен. (Крај)

извор: НоваТв фото: НоваТв