ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 12. октомври 2017

Охрид, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_6360

Охрид во 10 на 12. октомври 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 12.10.2017 година

– Метео: Во Охрид денес сончево и потопло време со температура до 21. степени

СДСМ: Вујната на Бакрачески 3 години беше директорка на ЈП „Комуналец“, тој во општината вработи два братучеди

– Охрид ЅОЅ со „Платформа за зелен и современ Охрид“ до кандидатите за градоначалник

– Од утре започнува едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција

Веро Џамбо доаѓа во Охрид во објект кај новата автобуска станица

Стевоски: Растев кога се почитуваше хуманоста и љубовта кон луѓето, ги сакам кошарката, фудбалот и планинарењето