vulkanerupcija

Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија

Токио, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во ерупцијата на вулканот Шинмоедаке на југозападот на Јапонија големо количество пепел паднала на четири околни градови.

Вулканот, кој се наоѓа на границата на перфектурите Кагошиме и Мизијаки, се активира првпат по шест години.
Како што наведуваат јапонските медиуми, пепелта се издигнала 1.700 метри и паднала врз најмалку 4 градови во перфектурата Мизијаки.

Јапонската метеоролошка управа го подигна нивото на тревога за вулкани од два на три на скалата до пет. На трето ниво луѓето се предупредуваат да не се приближуваат до вулканските планини.
Метеоролошката управа прогнозира дека пепелта ќе продолжи да паѓа до сабота, а од ветрот зависи кои градови би можеле да бидат загрозени. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива