partijapenzioneri2

Грижата за популацијата од „трето доба“ тема на дебатата на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Охрид, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Партијата на обединетите пензионери и грагани на Македонија, пратеникот – генерал Илија Николовски, попладне од 17:00 часот, во просториите на Општинскиот огранок на партијата (Мини базар „Гранит”) ќе има средба со новинарите на тема: „Грижата за популацијата од „третото доба“ – состојби и можни решенија”.

Средбата е од отворен тип,така што сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат, да поставуваат прашања, но и да изнесуваат и свои мислења и предлози.

Од 2004 година, надлежноста околу грижата премина на општините. Поминаа неколку генерации, смени на градоначалници и не се изнајде ниту еден јунак, да отвори барем еден дом за стари лица во земјата!

Зошто потфрли грижата за популацијата од „третото доба“?
Во Охрид се најавуваше дом-хотел, додека старите лица сеуште сесместуваат во Геријатриското оделение на Општата болница. Дом и Геријатрија – не е исто.

Какви се искуствата во блиското опкружување и во светот ?
На лугето од тн. “трето доба”, не треба да се гледа само како на индивидуи. Тоа се главно пензионерите, чиј број изнесува нешто под 300 илјади. Затоа што не треба да се заборави дека, кај добар дел- на издршката на едниот партнер во семејството се потпира и другиот партнер, ауште епоголем бројот на синовите,ќерките и внуците. Така што, реално, бројот на жителите, кои на еден или друг начин, се зависни од една пензија, е поголем барем за уште 200.000, што значи популација од половина милион жители.

За овие и слични прашања ќе говори претседателот на Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија, пратеникот – генерал Илија Николовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива