makedonijaizbori

На полноќ завршува кампањата за локалните избори

Охрид, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На полноќ настапува изборниот молк пред локалните избори што ќе се одржат во недела.

Кандидатите за градоначалници денес ќе ги одржат завршните митинзи и средби со граѓаните.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ кампањата ја заокружува со средби со жителите на Дебрца и Вевчани, а вечер ќе се одржат митинзи во Струга и Охрид. Предвидени се обраќања на кандидатот за градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, носителот на советниќката листа Константин Георгиевски и лидеротна партијата и премиер Зоран Заев.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ завршниот митинг ќе го одржи во Скопје.

Шестите локални избори ќе се одржат во недела, на 15-ти октомври. Во Охрид ќе се гласа на 88 избирачки места, кога според изводот од единствениот избирачки спосок ќе може да гласаат 52.833 граѓани. Во текот на утрешниот ден ќе гласаат лицата кои се во затвор и притвор,болните и изнемоштени лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива