semejnonasilstvo-640x360

Кривична за лице од Требеништа поради обид за силување на кандидатка за советничка во општина Дебрца

Охрид, 13. октомври (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.М. (20) од с.Требеништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”.

Пријавениот на 7-ми октомври околу 18.40 часот во с.Требеништа во штаб на политичка партија ја соборил на земја К.П.(30). Но, после нејзините молби да ја пушти, пријавениот во еден момент застанал и почнал да и се извинува, ја отклучил вратата и оштетената успеала да избега. (Крај)

извор: МВР фото: архива