sting

Стинг во Скопје направи ноќ за паметење: Ќе се видиме повторно (Фото)

Скопје, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Благодарение на „Авалон“, Македонија полека станува место каде публиката може да ужива во концерти на врвни светски музичари.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (ВИП Арената), синоќа исполнет до последно место пулсираше како едно со музиката на „Англичанецот од Њујорк“. Стинг во рамките на неговата светска турнеја „57-th & 9-th“ синоќа во Скопје направи ноќ за паметење, заедно со неговиот син и комплетниот бенд кој е малку да се каже дека звучеше добро.

sting1Фантастичен звук, светлосни ефекти и практично во живо креирање на видео спотови од самиот концерт на двата големи видео бимови. Гордон Самнер Стинг настапи заедно со синот Џон Самнер кој го отвори концертот со неколку песни, фантастичните гитаристи Доминик Милер и Руфус Милер, како и тапанарот Џош Фрис.

sting2Репертоарот компилиран од новиот материјал, но со акцент на старите добри и проверени хитови. Тоа и можеше да се очекува, затоа што Стинг настапи за прв пат во Македонија. Во еден збор, ноќ за која долго ќе се зборува. „Message in the bottle“, „Walking on the Мoon“, Desert Rose“, „Fields of Gold“, „Englishman in New York“, „Every breath you take“, „Roxanne/Ain`t no sunshine“ и многу други големи хитови ја кренаа публиката на нозе. После два часа во кои не постоеше ништо освен музика, бисот со „Fragile“, ќе се видиме повторно на 66-годишниот Стинг и енергијата на изборната ноќ направија искуство кое вредеше да се почувствува за илјадната публика.

Браво за „Авалон“, докажаа дека Македонија може и дека има публика за врвни светски настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес