julijanaguzeloska-tamaro

Ѓузелоска: Предност е да се работи во голема компанија како „Тамаро“

Охрид, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети се профилираат како вистински лидер во својот сегмент во регионот на Охрид и Струга. Со точно дефинирана патека по која се движи развојот на компанијата, со постојано вложување во модернизирање на целиот процес и секако во вработените кои се носечка сила на компанијата.

За успехот на „Тамаро“, за начинот на работа и предизвиците со кои се соочува, мини-интервју со Јулија Ѓузелоска, одговорна за работата со персоналот во „Тамаро 8“ маркетот во Струга.

Супер радио: Што конкретно подразбира функцијата која ја извршувате во „Тамаро“?

Ѓузелоска: Функцијата која ја извршувам во „Тамаро“ подразбира менаџирање односно планирање, организирање, раководење и контролирање на активностите кои се предвидени во нашата компанија заради остварување на зададените цели на ефикасен и ефективен начин.односно улогата на менаџерот е да го води работењето кон правец на остварување на цели, а нашата најголема цел е задоволни купувачи кои покрај квалитет добиваат целосна услуга кај нас. Одговорното лице мора да има дух и улога на претприемач, да дава идеи и истите да ги реализира, исто така имаме и улога на преговарачи бидејки не е лесно да се преговара, а ние преговараме и како купувачи и како продавачи кои треба да понудиме ниски цени и квалитет што секојдневно го спроведуваме со разновидни акции.

Супер радио: Кажете ни нешто повеќе за себе. Колку време сте со тимот на „Тамаро“?

Ѓузелоска: Јас ја почнувам петата година како дел од тимот на „Тамаро“ и постепено се надоградувам и напредувам благодарение на мојата амбициозност, истрајнст, стручност, чесност, решителност, професионалност и посветеност на работата.

Супер радио: Да ги запознаеме читателите со еден ваш работен ден. Дали би им препорачале на младите невработени луѓе да се пробаат во оваа тешка, но одговорна работа?

Ѓузелоска: Да дефинитивно би им препорачала да се пробаат во оваа работа иако носиме голема одговорност и кон нашата компанија и кон самите себе. Не е лесно да се носиш со оваа голема одговорност, да носиш важни одлуки, да одржуваш стабилни односи мотивирајќи ги останатите дека вреди да се биде дел од тимот. Како дел од нашите секојдневни обврски пред се` ние се грижиме за нашите купувачи, односно тие да си заминат здоволни од нашите маркети. Тоа подразбира секогаш да ги пречекаме и испратиме купувачите со насмевка на лицето. Исто така се грижиме за хигиената и среденоста во нашите маркети-под среденост подразбираме асортимански да бидеме снабдени и изложени. Се грижиме за набавките кои ги правиме со предходно добро направена анализа. Се грижиме за трошоците кои исто така добро треба да бидат анализирани. Изработуваме понуда во зависност од побарувачката која се состои од неколку фактори како што се висината на цената, услугата и купувачкаата моќ на потрошувачите, ја следиме ценовната и стратешка конкурентност, пронаоѓаме начини да ја прошириме понудата на добра и услуги, а со тоа овозможуваме производите да станат подостапни за потрошувачите. Постепено учиме преку размислување, дознавање и заклучување при што освен што стекнуваме знаење стекнуваме и умеење и практични вештини. Вака конципираното работење треба да придонесе за уште поуспешна соработка пред се на релација купувач-„Тамаро“.

Супер радио: Компанијата „Тамаро“ е веќе добро позната во јавноста во овој регион. Дали според вас е предност да се работи во вака голема компанија?

Ѓузелоска: Како што и самите кажавте, нашата компанија е добро позната во регионов така да самото тоа кажува дека е предност да се работи во вака голема компанија, а тоа е предизвик за многу млади кандидати кои ги увиделе предностите. Тоа се секако можноста за напредување и усовршување, сигурни приходи, исполнување на законските обврски кон вработениот и многу други предности.

Супер радио: Дали Ви останува доволно време за семејството и пријателите. Може ли со правилно распоредување на времето се` да се стигне?

Ѓузелоска: Се` зависи од нас самите колку ние сме способни да го организираме нашиот приватен живот паралелно со работата. Ако се сака се` се може, и со добра организација успевам да имам доволно време за семејството и пријателите.

Супер радио: Каде ја гледате „Тамаро“ како компанија за 5 години. Како според вас ке се развива истата?

Ѓузелоска: Од година во година нашата компанија се развива се` повеќе. Во нашата компанија имаме секојдневни обуки кои претставуваат одлична можност за уште поголем напредок. „Тамаро“ работи совесно и според сите законски норми што ни гарантира успех во иднина. Со самото тоа, безрезервно верувам дека ќе бидеме компанија која ќе биде позната, не само низ поголемите градови низ нашата држава, туку и надвор од нејзините граници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес