nedanovdusan

Охриѓанецот Душан Неданов освои злато на Атлета на Македонија 2017, па ја запроси неговата девојка (Фото)

Охрид/Скопје, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Душан Неданов ја освои најблескавата титула на првенствениот бодибилдинг и фитнес натпревар – Атлета на Македонија за 2017 година, што вчера се одржа во Скопје.

Тој беше шампион во категоријата боди билдинг класик. Ова не е прв триумф на Неданов. Тој беше јуниорски првак на Државен натпревар во 2011 година, а победи и на бодибилдинг натпреварот што се одржа во Охрид во 2013 година.

nedanovdusan2nedanov2nedanov1Но, освен по триумфот, ова првенство ќе го памети уште по нешто, односно по запросувањето на неговата долгогодишна девојка.

zaprosuvanje1Исходот од запросувањето беше „ДА“ од девојката и скандирања и овации кај публиката. Златниот медал заврши на градите на Душан, а прстенот на раката на Николина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес