diksovetohrid

ДИК ја објави финалната листа на советници во Градскиот совет

Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија на Република Македонија излезе со финална листа и ги соопшти финалните резултати и мандатите кои ги освоија партиите за Градскиот совет во Општина Охрид.

СДСМ на Локалните избори кои се одржаа во неделата, 15-ти октомври освоија 12 советници, 10 освои ВМРО-ДПМНЕ, додека Коалицијата „Заедно за Охрид“ предводена од ДУИ, движењето БЕСА и Алијансата на Албанците освои 2 советици.

Советнички места не освоија ДПА (освоени 323 гласа) и независната листа на Љупчо Настоски (освоени 1.180 гласа).

Погледнете ја комплетната листа советници во Општина Охрид.

diksovetohrid1

извор: ДИК фото: ДИК