cetkartraveltheworld

„Travel The World“ – Новo музичко видео на Владимир Четкар

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар го промовираше новото музичко видео снимено на повеќе локации во Охрид.

Спотот е за неговата најнова песна, „Travel The World“, а се снимаше низ стариот дел на градот, предворјето на црквата „Св. Софија“ и на други локации низ Охрид. За изработката на видео записот беше задолжен тимот на познатиот охридски продуцент Борче Димоски.

Инаку Четкар работи на неговиот нов албум, кој ќе биде комплетиран по неговото враќање во Њујорк, а промоцијата ќе биде на крајот од годинава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива