debrca1

Официјални резултати: Референдумот во Дебрца е успешен, депонија нема да се гради

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Заедно со локалните избори на ниво на општина Дебрца се спроведе и референдум на кој жителите имаа можност да ја изразат  својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ  изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца.

– Од вкупно запишаните 4.625 граѓани во избирачкот список, на референдумот својот глас го дале 3.149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2.746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или  13% од вкупно излезените жители, информриаат од Општинската изборна комисија на Дебрца од каде констатираат дека референдумот е успешен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива