policijaopsta

Кривична за охриѓанец кој физички нападнал сограѓанин

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Л.У. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– На 16-ти овој месец, на плоштадот во Охрид пријавениот физички го нападнал 26-годишниот А.Д. со што предизвикал чувство на несигурност и страв, информираат од СВР Охрид.

Пријавениот е лишен од слобода и му е одреден домашен притвор од 8 дена. (Крај)

извор: МВР фото: архива