dilaverleku3

Поминаа повеќе од два месеци, нема трага од убиецот на Дилавер Бојку Леку

Струга, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од два месеци поминаа од убиството на Дилавер Бојку Леку, а се` уште нема трага од сторителот, иако има многу индикации кои покажуваат како била спроведена криминалната егзекуција која била долготрајно и внимателно планирана.

– Постојат индиции дека се инволвирани повеќе лица во криминално, односно можеби и т.н. злосторничко здружување, од кои најмалку петмина биле непосредни организатори на убиството, а еден од нив – директен извршител. Постојат индиции и дека криминалната егзекуција требала да се реализира токму во денот кога има авионски лет за странска држава, токму од најблискиот аеродром, а часот за „реализација“ да се сочека за биде многу кратко време пред полетување на авионот, односно чекирањето (се разбира и летот од државава) да биде во последниот момент, јави неодамна весникот „Нова Македонија“.

Во таквиот контекст, веројатно исклучително добро се водело сметка и за „идентитетот“ на извршителот и за неговите „оригинални“ патни исправи, пред се’ при купувањето на картата извесно време однапред.

dilaverbojkulekuСрпските медиуми објавија информација дека ликвидацијата на контроверзниот бизнисмен и некрунисан крал на проституцијата на Балканот и познатиот макро Дилавер Бојку Леку од пред три седмици, има врска и со едно убиство во Белград од пред 20 години.

– Смртта на еден од главните босови на албанската мафија не е разјаснета, а постои сомнение дека станува збор за крвна одмазда. Меѓутоа, како што се дознава, опомената за Бојку дошла многу порано. Поточно, две децении порано. Тој ден кога на сред Белград била убиена неговата помлада сестра. Лија Ахметовиќ, која работела како чистачка е убиена на 6-ти ноември 1998 година, околу 22:00 часот, на тролејбуската станица на тогашниот „Булевар на мирот“. Убиецот во неа пукал од сачмарка, кога излегла од тролејбусот и тргнала кон дома. Била чистачка во еден институт и се враќала од работа, вели соговорникот на српски Kurir, кој е запознаен со овој случај.

Во првиот момент на оперативците не им било јасно зошто некој би ја убил жената, примерна мајка и сопруга, без никаква дамка во животот, на прв поглед и без контакт со подземјето.

bozidarspasiclekuСпоред други информации, проститутките го чинеа живот и тој стана закана и пречка за помладите мафијаши, тврди за српски Ало Божидар Спасиќ, поранешен припадник на југословенската служба за Државна безбедност, коментирајќи го убиството на Дилавер Бојку Леку.

– Бојку ја рашири работата и „бизнисот“ најмногу во Виена и Салцбург. Меѓутоа, британската безбедносна служба дојде до податоци дека тој започнал да работи и во Англија. На тој начин, би можел да и` посмета на бугарската мафија, која го држи овој бизнис таму. На српската мафија не и` беше пречка, туку и` беше од корист. Тој ги контролираше двата главни илегални правци за транспорт на девојките, од кои едниот беше преку Србија, па му беа потребни услугите на српската мафија за изработка на лажни пасоши и слично, што им носеше многу пари, објаснува Спасиќ.

Австрија, според него, е крајната граница до која и` е дозволено на албанската мафија да влезе во бизнисот со проституцијата.

– Бојку беше интересен за нашата служба токму поради проституцијата. Носеше девојчиња од 15-16 години. Патуваше често на Запад, каде Албанците се главни во бизнисот со проститутките. Додека работев за службата на државна безбедност, имавме податоци дека буквално сите проститутки во Виена беа под контрола на албанската мафија. Според мене убиството на Бојку е класична мафијашка пресметка и судир поради територии. Најверојатно ја поминал границата која ја држат други структури и тука нема простување, вели Спасиќ.

dilaverbojkuleku1На 14-ти август, во 16:45 часот, во Струга, поточно во ресторанот „Аква блу“ на влезот во градот, од страна на засега неидентификувано лице беше убиен познатиот струшки бизнисмен и поранешен затворски осуденик, контроверзниот Дилавер Бојку-Леку. Настанот предизвика лавина реакции во јавноста, а граѓаните предизвикани од суровоста на настанот што се случи на „отворена сцена“ дополнително го подигнаа степенот на јавниот интерес за тоа што се случило, кои се причините и мотивите за овој брутален чин, но и колку е тој рефлексија на актуелните локални состојби.

Комплетното Досие „БОЈКУ“ ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива